Дали во Македонија претпријатијата се подготвени за работа од дома?!

T-03

Кога, заради здравствени или превентивни причини, понекогаш е мудро да се работи од дома.
Дури и пред избувнувањето на новиот коронавирус, кој имаше слични знаци на инфекција со грип, експертите предупредуваа дека за да се спречи ширењето на инфекцијата во време на зголемен ризик, би било паметно да се организира работа од дома.
Вирусните инфекции неверојатно се шират во затворени простории, со повеќе луѓе на едно место (покрај канцеларии, автобуси, трговски центри, простории за чекање итн.).
Инфекциите во канцелариите најчесто се шират затоа што луѓето одат на работа заради тековните важни или итни работни задачи и покрај веќе благите симптоми на разни вирусни заболувања, при што вирусот се шири на други луѓе со кои се во контакт, во крајна линија води кон повеќе боледувања отколку ако организациите организирале периодична работа од дома.
Познато е дека дури 200 вработени се разболеле во една словенечката фирма минатата година, а раководството издало препорака останатите вработени да работат од дома.
Компаниите Фејсбук, Гугл и Мајкрософт, чие седиште е во Сиетл, но и многу други помали фирми од сојузната држава Вашингтон, им наложија на своите вработени да работат од дома.

Сепак, последиците од ширењето на новиот вирус ширум светот ги почувствуваа и македонските компании и туризам. Oние со канцеларии и фабрики во Кина ги затворија своите врати, заради ситуацијата во Кина и нередовното снабдување со компоненти.
Со порастот на бројот на заболени од коронавирусот, кој стана глобален проблем и е прогласена пандемија, многу компании ги замолија своите вработени да работат од дома некое време, додека други дозволуваат доброволно работење од дома заради безбедносни причини.

Во Македонија, согласно законот за Работни односи е предвидена можноста за вршење на активности- работа од дома.
Согласно член 50, истиот предвидува дефиниција на вршење на работа од дома се смета работа која работникот ја врши во својот дом или во простории по свој избор што се надвор од деловните простории на работодавачот.
Истото секако е предвидено да биде регулирано во рамките на Договорот за вработување, и да е дел од дејноста на работодавачот.
Работодавачот е должен договорот за вработување за вршење на работа дома да му го достави на инспекторот на трудот, во рок од три дена од денот на склучувањето на договорот.
Сите права, обврски и условите кои зависат од природата на работата дома, се уредуваат меѓу работодавачот и работникот со договорот за вработување.
Работникот има право на надомест за употребата на своите средства за работата дома. Висината на надоместокот ја определуваат работодавачот и работникот во договорот за вработување.
Задолжително е важно да работодавачот создаде услови за заштита при работа во услови на работа од дома.
Воедно, согласно член 51 и 52 од законот, е предвидено дека е Инспекторот на трудот да може на работодавачот да му го забрани организирањето на работа дома, ако работата дома е штетна за работниците кои работат дома, или за животната и работната средина каде што се врши работата и воедно ги прецизираат сите работи кои не смеат да се вршат од дома.
Со ексалирање на ситуацијата со вирусот, се актуелизираше истата ситуација и во Македонија.
Технолошките компании можат лесно да организираат таква работа, но оние компании што имаат работници на линии на производство во фабрики или во услужни дејности не можат да си дозволат да ги пуштат работниците дома.
Во овие ситуации сериозно треба да размислиме дали нашата, вашата или друга компанија може да креира Стратегија за работа од дома, кога условите го наложуваат истото.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest