Зголемувањето од три денари на акцизата за нафтените деривати оди директно во буџетот за справување со COVID-19

влада

Акцизата за нафтените деривати во земјава се зголемува за три денари со денешното донесување на новата Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Во таа насока според Владата промената на цената на акцизата е незначителна во споредба со падот на цената на нафтата од јануари до сега, што изнесува околу 20 денари.

Со оваа Уредба се пропишува износот на акцизата за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар, за гасно масло како погонско гориво, односно дизел горивото, за гасното масло како гориво за греење.

“Уредбата е донесена заради ублажување на економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот COVID-19 и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби, а имајќи ја предвид вонредната состојба во државата и забраните и ограничувањата за движење на населението, економските состојби во државата и намалената потрошувачка на горива во периодот на вонредната состојба, како и драстично намалената малопродажна цена на горивата на пазарот“, наведуваат од Владата.

За Уредбата денеска во Владата се одржа прес конференција, а деталите од оваа Уредба ги соопшти портпаролот на Владата.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest