Измена на Уредбата за финансиска поддршка во однос на бројот на вработени како услов за добивање на финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за платите за април и мај 2020 година

vlada-grb-rsm-makedonija

Согласно одржаната седница на Владата на Република Македонија бр. 19/48 од 01.05.2020 се предвидени одредени појаснувања на Уредбата за за финансиска поддршка во однос на бројот на вработени како услов за добивање на финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за платите за април и мај 2020 година
Со измената на Уредбата се врши:

– Јасно дефинирање на поимот награда за деловна успешност на работодавачот како услов за добивање на финансиска поддршка
– Се дефинира начинот на престанок на работниот однос за кој работодавачот може да го исполни условот од соодветен процент на намалување на вработените заклучно со месец јули 2020 година
– Се потенцира дека вкупниот број на вработени кај работодавачот – корисник на финансиска поддршка не смее да се намали заклучно со месец јули 2020 година:

  1. 15% кај работодавач кој имал до 50 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка,
  2. 10% кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка и
  3. 5% кај работодавач кој имал над 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка.

У Р Е Д Б А СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ COVID-19- Објавена во Службен весник на РСМ бр. 111 од 28 април 2020 година и бр. 113 од 1.5.2020 година

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest