Утврден начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта

ADKM-05

На вчерашната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, донесена е Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со која се утврдува времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година. Уредбата ги опфаќа и сите други активности како што се проверка на на успехот на учениците, организирање на практична настава и другите наставно-образовни активности.

Исто така, Владата донесе и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во паралелка во основните и средните училишта во услови на вонредни околности, за оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.

На оваа седница беа разгледани и усвоени и Информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби и протоколите за работа во услови на справување со вирусот COVID-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија во академската 2020/21 година.

Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство исто така беше усвоен на оваа седница, за период од 18.09.2020 година до 25.09.2020 година.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest