Четврт сет економски мерки за опоравување на домашната економија во време на COVID-19

ADKM-VLADA-02

Владата на Република Македонија го усвои четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на COVID-19, кој претставува продолжување на мерките од претходните три сета мерки, со цел понатамошно опоравување на домашната економија.

Четвртиот пакет мерки предвидено е да се искористи во последниот квартал оваа година со цел побрз и подиректен, потаргетиран ефект во економскиот сектор, додека за некои од мерките е предвидено да продолжат или да започнат во почетокот на наредната година.

Пакетот економски мерки е составен од три столба.

Првиот предвидува директна финансиска поддршка за граѓаните со цел стимулирање на потрошувачката со фокус на домашните производи и услуги и погодените сектори.

Вториот опфаќа директна финансиска поддршка и поддршка за ликвидноста на приватниот сектор и стимулирање на претпријатијата за враќање и задржување на работниците на работните места.

Третиот столб е наменет за поддршка за финансиска и фискална одржливост воопшто во економија, вклучувајќи ја и финансиската стабилност на општините.

Целта на четвртиот пакет мерки е да го амортизира ударот врз домашните погодени компании преку стимулирање на приватната потрошувачка со фокус на домашната понуда и поддршка на приватниот сектор, односно економската активност и работните места, која ќе биде насочена и со цел да пристигне директно кај претпријатијата. Исто така, предвидена е и финансиска поддршка за приватниот сектор, економијата и индустријата со цел воведување нови технологии, реструктурирање и зголемување на конкурентноста и продуктивност.

Целокупната вредност на овој пакет е 28.898.380.000 денари, односно 470.000.000 евра, средства наменети за финансиска поддршка.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest