Нови ограничувања и мерки на Владата како превенција и заштита од COVID-19

image0

На вчерашната седница  Владата на РМ усвои нови мерки за заштита и превенција од коронавирусот. По препораки од Комисијата за заразни болести, Владата одлучи да го ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23:00 часот, освен за оние кои што вон тоа време ќе вршат испорака. Исто така, ќе се редуцира бројот на патници во јавниот превоз на 50 отсто од предвидениот вкупен број на патници во автобусите.

Како нова мерка за заштита од COVID-19, а со цел намалување на бројот на новозаразени лица се прифати препораката на Комисијата да се промени принципот на работа на целата државна и јавна администрација, општините и судовите така што нивната работа да ја организираат во смени,  онлајн од дома или со систем на ротации, согласно нивниот работен процес.

Покрај усвоените мерки, Владата утврди Предлог-закони со кои се изменуваат и дополнуваат Законот за градење, Законот за научно-истражувачка дејност и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење предвидува изградба на модуларни градби за здравствена дејност со цел зголемување на ефикасноста во обезбедување на здравствени услуги за справување со коронавирусот.

Со новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за научно-истражувачка дејност се предвидува пролонгирање на рокот за избор во научни звања. Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на COVID-19 пандемијата е исто така одобрен од страна на Владата.

Новиот текст на Предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната е утврден со цел да се олесни работењето на општините и да се обезбедат стабилни приходи за времетраење на коронавирусот, како дел од четвртиот пакет на Владата на Република Македонија.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest