Нова забрана за групирање и реализација на четвртиот сет економски мерки

ADKM-влада-нов

Владата на вчерашната седница донесе повеќе одлуки и мерки за спречување и превенција од ширење на COVID-19, меѓу кои и одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден, со предвидени исклучоци од оваа забрана.

Претходно, забраната за групирање важеше само по 21 часот.

Предвидена е и реализација на четвртиот сет на економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на COVID-19 во рамки на Министерството за економија.

Со таа цел Владата донесе одлука Министерството за економија да префрли 60.000.000 денари од програма П1-Мерки за справување со КОВИД-19 кризата на посебна сметка на Развојната банка на Македонија АД Скопје во Народна банка, како буџетски придонес за реализација на мерката бескаматни кредити со 30 отсто грант компонента за микро и мали претпријатија (ММП) преку Развојната банка.

Со оваа мерка ќе се воведе нова бескаматна кредитна линија која ќе биде лансирана со грант средства од ЕУ, наменета за сите микро и мали компании, која ќе нуди и 30 отсто грант за компаниите што се водени или основани од жена, за компаниите кои вработуваат млади лица, компаниите кои се извозно ориентирани како и за оние што ќе воведат иновации, дигитализација и е-трговија во рамките на нивното работење.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest