Намалување на давачките со новиот Закон за регистрација на возила со странски регистарски таблици

таблици

Започна примената на Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територија на Република Северна Македонија.

Во наредните шест месеци граѓаните на РМ ќе имаат можност сите возила, категорија „М“ „N“ „L“  и „O“ , со странски регистарски таблици кои влегле на територијата на Република Македонија до 1 октомври 2020 година да ги регистрираат користејќи финансиски бенефиции.

Во донесениот Закон за регистрација на возила со странски регистарски таблици, детално е регулирана постапката и условите за регистрација на возилата.

Законот ќе се применува за возила кои задолжително ќе ги исполнуваат двата услови регулирани во член 3 став 1 од Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици, а тоа се:

  • сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;
  • да влегле на територијата на Република Македонија до 1 октомври 2020 година.

Притоа финансиската бенефиција се однесува на повластувањето вкупниот износ на царинските и даночните обврски за возилата кои ќе се увезат и регистрираат согласно овој закон да биде намалено за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, за што сопственикот или корисникот на возилото односно лицето овластено за отуѓување на возилото ќе биде потребно да достави Изјава заверена кај нотар со која под кривична, морална и материјална одговорност ќе потврди дека возилото по завршување на постапката за увоз ќе го регистрира согласно одредбите од овој закон.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest