Дигитален идентитет – далечна иднина или блиска реалност – Дел II

По се изгледа дека дигитализацијата на јавните услуги во Република Северна Македонија нема да биде мртво слово на хартија.[1] Владата на денешната седница ја усвои Информацијата со планирани активности за дигитализација во судството за 2021 година. Информацијата е базирана врз намерата на Владата на РСМ да биде започната, а подоцна и целосно завршена, дигитализацијата на македонското судство.

 

            „Планот содржи активности кои ќе се одвиваат во повеќе фази, започнувајќи од измени на постојната легислативна рамка, како основа за преземање процесни дејствија (е-пошта и е-достава) со учесниците во постапките, ИКТ алатки за судења на далечина или изведување само на некои докази на тој начин, преку обезбедување на судовите со соодветна ИКТ опрема, интернет-конекција и други потребни уреди за изработка на електронски документи, користење дигитални сертификати (потписи) и дефинирање на дигитален идентитет за странките, адвокатите и другите учесници во постапката, како и унапредување на АКМИС-от, обезбедување доволно ИТ кадри и нивна континуирана обука за користење на системот и опремата.

 

            Покрај опремувањето на повеќе од 100 судници низ 34 судови во Северна Македонија (27 основни судови, четири апелациони судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд), со планот за дигитализација во судството се предвидува да се опреми и судница во рамки на Академијата за судии и јавни обвинители, како и во Затворот Идризово. Опремувањето на судниците за онлајн судење е предвидено да се реализира до крајот на 2021 година“, образложуваат од Владата.

 

            Со ова се започнува дигитализацијата на судството со која на адвокатите и сите заинтересирани странки ќе ми се поедностави процесот на пристап до правдата. Иста така, голема е веројатноста дека трошоците кои се одделуваат за целиот судски систем драстично ќе бидат намалени.

 


[1]    Види претходно мемо

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest