Воведување континуирана обука за адвокатите со нов предлог-закон

Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/02, 60/06, 29/07, 106/08, 135/11, 113/12 и 148/15) влегол во сила на 31.07.2002 година.

Co овој закон се уредува обезбедувањето правна помош од страна на адвокатурата на физички и правни лица во остварувањето и заштитата на нивните права и врз закон заснованите интереси во постапката пред судовите, државните органи, други правни лица, органите на единиците на локалната самоуправа, вршењето на адвокатската дејност, како и организацијата на адвокатурата, условите за вршење и престанок и мирување на адвокатска дејност и правата и обврските на адвокатите, како и осигурување на адвокатите од одговорност од штета.

Министерство за правда најави почеток на процесот за подготвка на измени и дополнувања на Законот за адвокатура со донесување на нов предлог закон, согласно кој ќе се воведе законска обврска за континуирана обука на адвокатите организирана од страна на Адвокатска комора на Република Македонија со законски утврден фонд на часови на годишно ниво.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за адвокатура, покрај воведувањето на континуирана обука за адвокатите, предвидува и сеопфатна анализа на постојната законска поставеност и работа на адвокатската професија и пристапување кон нејзина реформа согласно со реформите во другите сегменти од правосудниот сектор.

Целта на предлог законот, посочуваат од Министерството за правда, е јакнење на адвокатската професија која ќе може да одговори на реформираниот правосуден сектор.

Поставената временска рамка за изготвување на овој предлог закон е од 26.04.2021 година до 26.05.2021 година.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest