Кариера

Станете дел од нашиот успешен тим!

Кариера во нашето адвокатско друштво

Дали сакате да бидете дел од тимот кој е дел од правната мрежа на адвокатски фирми на територијата на централно-источна Европа LEXCELLENCE ?
Дали сакате да бидете дел од тимот кои се обидуваат да обезбедат правни услуги на поинаков начин?
Дали современиот, проактивен пристап и ориентација кон клиентите ви значи нешто?

Тогаш сте на вистинското место, тоа е токму она што го бараме во
Констатиновиќ и Милошевски.

За нашиот тим обезбедуваме одлични услови за работа, учење и развој.
Нашите адвокати имаат широка перспектива и темелно познавање на законот и бизнисот што опфаќаат широк спектар на правни области.
Посветени на градење и негување на инклузивна работна околина. Технолошките промени и општеството бараат постојана надградба на правниот сектор, затоа ние постојано сме во потрага по заинтересирани  лица за унапредување на правото.

Сакаме да имате свои идеи!
Бидете дел од тимот кој ќе се соедини и ќе ја претвори нашата заеднички визија во реалност!
Без разлика дали штотуку сте дипломирале или сте веќе искусни адвокати, ако ги делите овие вредности со нас, Ве молиме, испратете ни го CV-то и мотивационо писмо на contact@konstantinovic-milosevski.mk

Пракса

Да станете практикант во KM/Константиновиќ и Милошевски, во еден од водечките регионални правни тимови, е исклучителна можност бидејќи може да е одличен почеток за вашата идна правна кариера и за градење на вашата професионална мрежа. 

Бараме самомотивирани, образовани и амбициозни идни правни професионалци.

Ако сте заинтересирани да стекнете студентска пракса во Констатиновиќ и Милошевски, испратете кратка биографија и мотивационо писмо, на македонски јазик, со назнака „студентска пракса“ на следнaта електронска адреса:   

 contact@konstantinovic-milosevski.mk

* На разговор ќе бидат повикани и контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесниот избор.

Напомена: Согласно Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата биографија за идните потреби на Друштвото, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Друштвото Ви гарантира дека освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниедна друга цел ниту пак би биле достапни на трети лица.

Аплицирај денес!