Нашиот тим

Професионален состав од 12 вработени

Дарко Константиновиќ

Партнер

По завршувањето на Правниот факултет во Скопје, при Универзитетот Кирил и Методиј, се стекнува со исклучително богато искуство како адвокат/партнер во Адвокатското друштво Константиновиќ и Милошевски.
Дарко застапува како домашни така и меѓународни корпоративни клиенти во широк спектар на работи.

Има повеќе од 15 години домашно и меѓунардоно искуство во доменот на корпоративни процеси, спојувања и аквизации, банкарство и финансии, трговско право, недвижности, хипотеки, реструктурирање на долгови и нивна наплата, заштита на конкуренцијата, работни односи.
Дарко е член на Адвокатската комора на Македонија од 2006 година.

Александар Милошевски

Партнер

По завршувањето на своето образование на Правниот факултет во Скопје, кариерата започнува да ја гради како адвокат, за потоа да стане Партнер во Адвокатското друштво Константиновиќ и Милошевски.
Александар има повеќе од 15 години работно искуство во областа, застапувајќи различни видови клиенти, домашни и меѓународни компании.
Милошевски е член на Управниот одбор на Сојузот на стопански комори на Макеоднија, до септември 2019 ја извршуваше и функцијата Потпреседател на ССК, а во моментов е претседател на Комората за посредување и продажба на недвижен имот.
Активен е во бизнис заедницата во Македонија и е овластен арбитрер во Арбитражниот суд на македонската Стопанска комора со искуство на претставување пред меѓународните Арбитражни судови.
За време на својата кариера Александар Милошевски бил вклучен во многу проекти, особно во областа на енергетика, спојување и аквизиција, трансакции со недвижности, постапка за враќање на долгот, големи меѓународни инвестициони проекти во кои се вклучени домашни и меѓународни компании, застапувајќи ги во преговори, пред судот и пред административните тела.
Неговото богато искуство овозжува клиентите на Адвокатското друштво Константиновиќ и Милошевски успешно да ги претставува при секаков вид на преговори, како и пред судовите и административните тела во земјава.
Неговите неодамнешни проекти вклучуваат:
• Постапувајќи како локален советник за Меѓународната банка во постапка вредна неколку милиони евра за наплата на долг.
• Постапувајќи како советник во постапка за склучување мултимилионски договор за гасификација на РМ.
• Постапувајки како правен застапник пред судот застапувајќи голема мултинационална шпедитерска компанија во мултимилионски спор против РМ.

Билјана Милошевска

Партнер

Со над петнаесет години исклучително богато професионално искуство, Билјана во 2019 година се приклучува на тимот Константиновиќ и Милошевски.
Нејзиното квалитетно портфолио вклучува искуство во банкарскиот сектор, претежно како раководител на правниот оддел на одредени банки, а воедно и беше член на Комисијата за кредитирање и заостанатите долгови во една од комерцијалните банки во Македонија.
Нејзин домен на работа е во областа на деловното право, банкарство и финансии, вработување и трудово право.

Зоран Милошевски

Адвокат - партнер

Зоран Милошевски е Адвокат во Адвокатско друштво Константиновиќ и
Милошевски. Неговото работење е фокусирано на граѓанското право,
трговското право, казнено право, работните односи и застапување во
управните постапки.Посебен акцент се става на неговото работење во областа на кривичните
предмети, каде што го има постигнато најголемиот успех.

Душко Гошевски

Независен адвокат - партнер

Душко Гошевски е самостоен Адвокат, партнер со Адвокатското друштво Константиновиќ и Милошевски. Работи во делокругот на корпоративното право со посебен фокус на даночно, деловно и трговско право .
Долгогодишно искуство во даночна администрација на највисоки раководни позиции меѓу кои помошник Директор на УЈП, Претседател на комисија за прекршоци ,Управник на Регионална дирекција. Добитник на наградата ,,Св Матеј” за професионалност и ефикасност во работата.
Член на подкомитетот ПТИЦО за известување со ЕУ во делот на даноци.
Од Собранието на РСМ е избран за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност.
Коавтор е на публикацијата ,, 70 години даночен систем на Р.Македонија и 20 години ден на даночните работници “
Учесник на повеќе семинари во земјата и странство.
Активно е посветен во областа на заштита на животната средина.

Елена Ковалевска

Адвокат

Елена Ковалевска е Адвокат во Адвокатско друштво Константиновиќ и
Милошевски.Нејзиното работење е фокусирано на граѓанското
право, трговското право, работните односи и застапување во
управните постапки. Со исклучително позитивно искуство, ги застапува домашните и странски физички и правни лица
пред судовите и другите органи во Македонија, давајќи максимална
професионална заштита на клиентите за широк спектар на прашања.

Марија Глигороска Хаџи Јанков

Адвокат

Марија Глигороска Хаџи Јанков се стекнува со Магистратура во областа деловно право на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје каде ги завршила и додипломските студии. По дипломирањето почнува со стажирање во адвокатска фирма, а подоцна продолжува со надоградба на своите професионални вештини во правосудните институции што и помага во успешно полагање на правосудниот испит.
Денес таа е дел од тимот на Адвокатското друшто Константиновиќ и Милошевски каде нејзината работна задача се состои во обезбедување на поддршка на правниот тим, архивирање како и други редовни работни активности.

Христина Неделчева

Офис менаџер - Маркетинг

Своето образование го стекнува на Правниот факултет во Скопје, при Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Одговорна е за обезбедување непречено функционирање на работата во Адвокатското друштво, во делот на администрацијата, управување со документација, сметководство и маркетингот. Одржува врски со сите клиенти и компании и секако нуди помош во логистичките работи на другите членови од тимот.

Ксенија Божинова

Офис менаџер - Финансии

Дипломирала бизнис и администрација на Универзитетот Американ колеџ – Скопје.
Нејзините одговорности во адвокатското друштво се овозможување на континуитет на сите активности, управување со документите и финансиските извештаи на фирмата. 

Филип Голубов

Соработник

Својата пракса во Адвокатското друштво Константиновиќ и Милошевски ја започнува во февруари 2019 година.
Неговиот фокус на работење е во доменот на корпоративното право, договорното право, банкарство, финансиите и хартии од вредност, а воедно советува домашни и странски инвеститори за разни правни работи.

Давид Божинов

Соработник

Давид Божинов своето образование го надоградува со магистерски студии од областа на кривично право на Правниот факултет Јустинијан Први. Со неговиот ангажман во адвокатското друштво Константиновиќ и Милошевски обезбедува постојана поддршка на неговиот правен тим со изготвување на правни документи и разни други правни прашања надвор од опсегот на формалното практикување на правото.

Љупка Атанасовска

Сметководител - надворешен соработник

Љупка е дипломиран  економист со лиценца за овластен сметководител. Во својата 20 годишна  професионална кариера како Управител и Директор на финансии, успешно ги извршуваше  функциите во финансискиот сметководствен менаџмент и се стекна со богато  искуство и познавања на законските регулативи и  знаења од  повеќе области: финансиски анализи, банкарство, изработка на инвестициски програми, бизнис планови , буџетирање на трошоци, надворешно трговско работење, следење процеси од интерна контрола и ревизија. Потврда за долгогодишното работно искуство се повеќето уверенија, сертификати, потврди и благодарници.

Катерина Елисеева Трајчева

Сметководител - надворешен соработник

Катерина е овластен сметководител. Нејзиното искуство добро се усогласува со нашата основна дејност како сметководствен и финансиски консалтинг, особено нејзината улога како финансиски асистент во меѓународна компанија за странски инвестиции, како висок претставник за продажба во компанија за онлајн трговија, тргување со валути, обврзници, акции, исто така. како банкарски сметководител во една од националните банки. Нејзините последни договори беа за американски медицински провајдер како асистент за плаќање и осигурување.