Предлог закон за изменување и дополнувања на Законот за судски буџет

По предлог на Министерството за правда ќе се прави измена во Законот за судски буџет.

Со новиот Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судскиот буџет,  предлагачот Министерството за финансии, предлагачот Министерството за правда предвидува измени во Законот за судски буџет од 2003 година.

Во образложението дадено од страна на предлагачот, потребите од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за судски буџет биле лоцирани во текот на примената на Законот за судски буџет од 2003 година со цел сите констатирани недостатоци да се отстранат.

Во 2003 година беше донесен Законот за судскиот буџет во кој е уредена материјата за финансирање на судската власт во сите нејзини аспекти, почнувајќи од планирањето, преку постапката за донесување на буџетот, па се до неговото извршување. За таа цел беше формиран Судскиот буџетски совет составен од претставници на судството со надлежности во сферата на судскиот буџет. Со донесувањето и примената на наведениот закон значително се зајакна независноста на судството во овој негов сегмент особено што токму финансирањето на судството е една од основните претпоставки за неговата независност.

Согласно предлагачот, донесувањето на предложениот закон ќе создаде можност за зајакнување на независноста на судствто и воедно ќе се отстранат лоцираните слабости во досегашната примена на законот. Предвидено е промени да бидат реализирани со помош на Проектот за поддршка на судските реформи преку ИПА фондот.

Поставената временската рамка за изготвување на овој Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судскиот буџет е од 10.05.2021 година до 30.06.2021 година, а за истиот не е најавена јавна расправа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest