За нас

Располагаме со сите потребни капацитети

Правни услуги од повеќе области

16 години Обезбедуваме квалитетни правни совети со кои постигнуваме трајни резултати за нашите клиенти!

Секојдневното економско и политичко опкружување, разбирањето на локалното општествено уредување, темелното познавање на законските регулативи нè ставаат во позиција да помогнеме на најразлични комплексни потреби од совети на меѓународните клиенти во нивните деловни интереси во фирмите од нашиот регион.

Моќен спој на меѓународно искусни адвокати и експерти за совети им користи на нашите клиенти со оптимална услуга, помагајќи им во остварувањето на деловните цели, без оглед на пазарот или пазарите во кои планирате да работите.

Нашата правна експертиза, поставените високи професионални стандарди, континуираното надградување на нашето работење, разбирањето на тековните трендови како и беспрекорно внимание на деталите ја покажуваат нашата посветеност да обезбедиме врвни правни совети и да постигнеме трајни резултати за нашите клиенти.

Веруваме дека секој клиент заслужува индивидуално внимание и посебна грижа и третман и тоа е темелот на беспрекорното правно застапување што им го овозможуваме на нашите клиенти.

Имаме широка мрежа на соработници, експерти од различни области и реномирани специјализирани агенции, кои можеме да ги препорачаме на нашите клиенти заради целосна заштита на нивните интереси и исполнување на нивната цел.

Соработката со нашите клиенти ја вршиме на македонски и англиски јазик, а по потреба обезбедуваме превод на сите светски јазици, преку реномирани овластени преведувачи, кои на наше барање вршат и симултан превод на состаноци и едукации.

Имаме одлична соработка со овластените проценители, нотари и извршители.

Нашиот искусен, амбициозен и посветен тим е подготвен да го најде вистинското решение за Вас, затоа што вложуваме значително време и напор да ги разбереме Вашите потреби, со цел да Ви обезбедиме ефикасни и економични решенија.

01

Професионалност

Обезбедуваме квалитетни правни совети со кои постигнуваме трајни резултати за нашите клиенти! Долгогодишното искуство и неприкосновеното знаење на нашиот тим се основа за висок професионализам.

02

Интегритет

Целиме кон посветена работа со конзистентен фокусиран, транспарентен, лојален, отворен и искрен пристап кон нашите клиенти, тимот и партнерите.

03

Тимска работа

Нашите вработени се нашиот највреден капитал. Ние сме реномирана и тимска управувана организација создадена за да го издржи тестот на времето и невремето.

Адвокатското друштво Константиновиќ & Милошевски

е основано на почетокот на 2005 година, во пoчетокот по принципот на партнерство (здружени адвокати), за од 2010 да се преобрази во Адвокатското друштво Константиновиќ и Милошевски.

Работиме со цел обезбедување на поквалитетна и поефикасна услуга за Вас

Соработка со интернационални адвокатски фирми

локален правен советник

Адвокатско друштво Константиновиќ и Милошевски подолг период работи на повеќе проекти како локален правен советник за територијата на Република Северна Македонија за една од најголемите интернационални адвoкатски фирми DLA PIPER од САД и Австриската Адвокатска фирма Specht & Partners.

Контактирајте не

Дозволете нашиот тим од правни експерти да Ви помогне во унапредување на Вашата деловна активност.