Забраната за блокирање на сметки продолжува и во јули!

Со измената на Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување за време на вонредната состојба граѓаните нема да бидат подложни на извршувањето кое го спроведуваат извршителите за подолго време од предвиденото во првичната уредба.

Со првичната уредбабеше определено Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/16, 142/16 и 233/18 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 14/20), да не се применува до 30 јуни 2020 година, но со донесувањето на Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примената на законот за извршување за време на вонредната состојба, во член 1 и член 2 ставови 1 и 4, зборовите „до 30 јуни 2020 година“ се заменија со зборовите „заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба“.

Тоа значи дека со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примената на законот за извршување за време на вонредната состојба, донесена на 12.06.2020 година, примената на Законот за извршување се запира за дополнителни 30 дена од последниот ден вонредна состојба, односно до 22.07.2020 година.

Согласно уредбата, извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен:

− Во предметите за побарувања врз основа на законска издршка;
− Распределбата на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови;
− Дејствијата кои следат по наплатата на средства оддолжникот, успешно спроведени јавни надавања или продажби со непосредна спогодба;
− Примање на барања за извршување и електронско евидентирање во Уписникот за примени барања заизвршување;
− Изготвување на барања за податоци и информации за испитување на економската состојба на должниците и електронска достава до институциите,
− Изготвување на налог за извршување врз недвижност и електронска достава до јавната книга заради прибележување на налогот;
− Изготвување на налог за забрана за располагање иоптоварување на хартии од вредност и електронска достава до Депозитарот за хартии од вредност;
− Во предметите по започнатите извршувања до 31.03.2020 година, врз побарување по сметки на физичко лице кај банка;
− Во предметите по започнатите извршувања до 31.03.2020 година, врз расположливи средства на сметки на правно лице кај носителите на платен промет;
− Поднесување на заклучок за запирање со извршување од сметка на физичко или правно лице, доколку должникот го платил долгот.
Од извршување се изземаат примањата по следните основи:

− Примање врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката;
− Примање врз основа на надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување;
− Примање од права на парична помош од социјална заштита (гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување, траен надоместок и еднократна парична помош) согласно со прописите од социјална заштита; примање врз основа на привремена невработеност;
− Примања од правата за заштита на децата согласно со Законот за заштита на децата;
− Примање врз основа на стипендија, кредит и помош на ученици и студенти;
− Примање на питомци на Воената академија; надоместок за работа на осуден во казнено-поправен дом, освен за побарување врз основа на законско издржување, како и за побарување на надоместок на штета предизвикана сокривично дело на осудениот;
− Примање врз основа на патни трошоци; примања од право на социјална сигурност за стари лица, согласно со прописите за социјална сигурност за старите лица;
− Средства исплатени како хуманитарна помош или надомест на штета во ситуации предизвикани од елементарни непогоди во услови на донесена одлука запостоење на кризна состојба од страна на Владата на Република Македонија или Собранието на РепубликаМакедонија, средствата на посебната сметка која јапоседува извршителот, плата, пензија, надоместок на трошоци за сместување на лице, надоместок зазгрижување на згрижувачко семејство, надоместок за деца корисници на семејна пензија, примања на лица во резервниот состав на Армијата на Република Македонија и Полицијата, примања на воени и мирновременски воени инвалиди врз основа на инвалиднина, ортопедски додаток и инвалидски додаток, примање врз основа на договор за доживотна издршка и доживотна рента, како и врз примањето врз основа на договор за осигурување на животот и средствата исплатени како финансиска поддршка или субвенција на правни и физички лица заради надминување на последиците од Корона вирусот COVID-19;

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest