Почитувани клиенти,
Согласно препораките и усвоените мерки за превенција од ширење на COVID-19, од страна на Владата на Република Македонија, а во насока на одржување на јавното здравје, заштита на нашите вработени и клиенти, Ви препорачуваме истите да ги почитувате https://vlada.mk/node/20449
Имајте во предвид дека непочитувањето на мерките и препораките повлекува дефинирани прекршочни казни како за претпријатијата така и за физичките лица.
Воедно апелираме до сите Вас:
-Ве советуваме да го намалите интензитетот на посети на Друштвото, освен во неопходни ситуации. За сите Ваши потреби може да ги контактирате вработените на 02/ 32 46 995 или да ни пишете на mail: office@konstantinovic-milosevski.mk, contact@konstantinovic-milosevski.mk ;
-Користете го сервисот на достава на неопходната документација на Пост Експрес на добро познатиот број 02/ 15 200;
-Нашето друштво и понатаму ќе одржува највисоко ниво на хигиена и дезинфекција на своите простории, но сепак апелираме до сите наши клиенти и вработени да бидат внимателни и да негуваат највисоко ниво на лична хигиена. Препорачуваме да ги користите средствата за дезинфекција во нашите деловни простории;
-Избегнувајте ракување и блиски контакти, како и долги состаноци во затворени простории;
-Користете ги нашите електронските начини за комуникација и функционирање, и тоа:
* електронска пошта – office@konstantinovic-milosevski.mk и contact@konstantinovic- milosevski.mk
* веб страницата https://konstantinovic-milosevski.mk/
* социјалните мрежи на компанијата на facebook https://www.facebook.com/lawfirmkm
Здравјето и превенцијата се приоритетни нешта во одржување на социјалната безбедност.
Вашето разбирање и внимание, поддршка и почитувањето на мерките се од значење за сите нас!
Со почит, Адвокатско друштво КМ/Константиновиќ и Милошевски