Нова уредба за задолжително носење заштитна опрема – казни од 20 евра до 2.000 евра

На 45-та седница на Вллада, одржана на 23.04.2020 година е донесена е  Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба.

Тоа значи дека македонските граѓани задолжително  треба да носат заштитни маски за носот и устата поради спречување на ширењето на вирусот COVID-19, кои можат да бидат: респираторна маска, текстилна маска за повеќекратна употреба, хируршка маска за еднократна употреба, памучна марама, шал, бандана…

Според уредбата заштитната опрема на лицето мора да се носи при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично), односно секаде каде не постои можност за одржување на физичко растојание од два метра.

Согласно уредбата, носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата кај граѓаните не е задолжително во случаи ако:

  • се носи посебна лична заштитна опрема на лицето во рамки на извршувањето на нивните работни задачи,
  • престојува во двор на станбена семејна куќа,
  • вози велосипед или спортува на отворено како индивидуални спортски активности,
  • патува во патничко моторно возило со лица со кои што лицето живее во заедница или домаќинство
  • се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице.

После 30 април, Уредбата утврдува дека глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од оваа уредба со законска сила.

Уредбата исто така утврдува дека сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштитна опрема на лицето од страна на сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема.

Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила, која определува дека сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштитна опрема за сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема.

За подетални информации од седницата и уредбата прочитајте на сајтот на Влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest