Новите заклучоци и препораки од Владата на РМ во однос на заштита од Корона вирусот се препорачува:
- на сите вработени лица во органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како и се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единците на локалната самоуправа, како и на вработените лица од приватниот сектор да ја преземат (инсталираат) мобилната апликација „Стоп корона!“.
- на сите граѓани во Република Македонија, а особено на оние што живеат на подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, согласно одлуките, мерките и препораките на Владата, да го редуцираат излегувањето од своите домови, тоа да го прават само од најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување на намирници и лекови од маркетите и аптеките.