Адвокатско друштво Константиновиќ и Милошевски и ЕЛСА со заеднички Меморандум за соработка

Адвокатско друштво Константиновиќ и Милошевски  / АДКМ е адвокатска фирма со долгогодишно искуство во повеќе области од правото и основач на Лекселенс (Lexcellence), како и  член на најголемите интернационални мрежи на адвокати Interlaw и Mackrell International. Долгогодишното искуство и неприкосновеното знаење на нашиот тим се основа за висок професионализам.

Целиме кон посветена работа со конзистентен фокусиран, транспарентен, лојален, отворен и искрен пристап кон нашите клиенти, тимот и партнерите.

Нашите вработени се нашиот највреден капитал. Ние сме реномирана и тимски управувана организација која е секогаш отворена за соработка и прифаќање на нови предизвици.

Наш најнов предизвик е започнување на  соработка со Европското здружение на студенти по право – ЕЛСА Македонија.

За таа цел овој месец склучивме Меморандум за соработка, со што ќе имаме можност да се вклучиме во проектите на ЕЛСА и да им помогнеме на сите заентересирани млади правници одблиску да се запознаат со правната професија, од аспект на адвокатурата.

Предмет на овој меморандум е остварување на соработка со тоа што АДКМ ќе даде подршка во реализацијата на предвидените активности од страна на ЕЛСА,  во текот на академската година.

Адвокатско друштво Константиновиќ и Милошевски  кое има желба да помогне на младите потенцијални правници, со практична помош за време на студирањето и по завршувањето на нивните студии, во рамките на оваа соработка со ЕЛСА ќе ги остварува следните активности:

  • Финансиска поддршка за публикување на третиот број на спиесанието “Јустиција“;
  • Вклучување во СТЕП програмата преку обезбедување на минимум едно место за практикант во двата циклуси нс СТЕП програмата;
  • Назначување на панелист/говорник на настани организрани од страна на ЕЛСА, поврзани со полето на работата на адвокатското друштво;

Преку оваа соработка младите правници кои ќе бидат вклучени во проектот и ќе бидат наши практиканти ќе имаат можност покрај, да се стекнат со практично знаење, да станат дел од нашиот професионален тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest