Дополнителни мерки за COVID-19 донесени на 26-та седница на Владата

На својата 26-та седница, одржана на 23 март 2020 година, Владата на Република Македонија донесе повеќе Уредби со законска сила за:
– примената на Законот за стечај за време на вонредна состојба;
– измена на Законот за облигационите односи;
– примена на Законот за општа управна постапка за време на вонредна состојба;
– примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба;
– примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба;
– примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба;
– примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба;
– изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба;

На оваа седница, Владата покрај новите измени и дополнувања на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија, донесе и Одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за одредени стоки – потрошен медицински материјал, Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, а усвоени се и Информациите за извршени инспекциски надзори за спроведување на мерките за спречување внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 извршени на 22 и за 23 март 2020 година.

За повеќе информации прочитајте тука.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest