Дополнителни мерки за COVID-19 донесени на 28-та седница на Владата

На својата 28-та седница, одржана на 25 март 2020 година, Владата на Република Македонија донесе повеќе заклучоци во врска со примена на законски одредби во време на состојба на Корона вирусот, меѓу кои:

  • Забрана за движење на граѓаните во деновите на викендот, односно во сабота и недела, ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот. Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.
  • Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, се предлага како мерка за поддршка на обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19, да бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.
  • Даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.
  • Намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход да се однесува и на други даночни обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење, кои покрај гореспоменатиот услов исполнуваат еден од наведените услови.
  • Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба, со која како мерка за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19, ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.
  • На предлог на Министерството за економија, Владата ја донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба:
    А) уредено  е дека за свикување и одржување годишно собрание на акционери и собир на содружници, од страна на органот на управување на акционерските друштва, односно органот на управување на друштвата со ограничена одговорност, ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.Во таа насока се овозможува пролонгирање на роковите за свикување и одржување годишно собрание на акционери, како и собир на содружници, од страна на трговските друштва, за време на траењето на вонредната состојба. Пролонгирањето на роковите се однесува и на започнатите постапки за свикување и одржување годишно собрание на акционери, односно собирот на содружници.

Повеќе детали тука.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest