Согласно одржаната седница на Владата на Република Македонија бр. 19/48 од 01.05.2020 се предвидени одредени појаснувања на Уредбата за за финансиска поддршка во однос на бројот на вработени како услов за добивање на финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за платите за април и мај 2020 година
Со измената на Уредбата се врши:
– Јасно дефинирање на поимот награда за деловна успешност на работодавачот како услов за добивање на финансиска поддршка
– Се дефинира начинот на престанок на работниот однос за кој работодавачот може да го исполни условот од соодветен процент на намалување на вработените заклучно со месец јули 2020 година
– Се потенцира дека вкупниот број на вработени кај работодавачот – корисник на финансиска поддршка не смее да се намали заклучно со месец јули 2020 година:
- 15% кај работодавач кој имал до 50 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка,
- 10% кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка и
- 5% кај работодавач кој имал над 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка.