Поголема флексибилност на условите на мерките за финансиска поддршка и субвенционирање на придонеси

Од Министерството за финансии и од Управата за јавни приходи најавија промена на дел од условите на мерките за финансиска поддршка за исплата на плати од 14.500 денари по вработен и за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, со што работодавачите ќе можат да го задржат истиот број на вработени минус 15%, минус 10% и минус 5% од вработените, зависно од тоа дали се работи за микро и мали, средни или големи претпријатија.
Нова поволност е можноста средствата кои фирмите ги земале преку мерката да им се трансформираат во грант, односно неповратни средства.
Компаниите кои оствариле загуба во 2020, нема да ги враќаат средствата од помошта, односно доделените средства од државата ќе бидат неповратни за нив. Сега се проширува опфатот на мерката и со оние фирми кои се очигледно опфатени од кризата, односно со фирми кои последниве две години имаат добивка, кои не се на листата на должници на УЈП и кои до март месец годинава не доцнеле со плаќање на обврските по основ на кредит подолго од 90 дена од достасаноста, како и ако инвестираат еднаков или поголем износ на добиената поддршка во тренинзи на вработени, надградба на процеси, продуктивен капитал. Средствата и за нив ќе се трансформираат во грант средства.

Поточно, ова значи дека доколку работник бил ангажиран за полно работно време, ќе му биде исплатен целиот предвиден износ согласно оваа мерка односно – 14.500 денари, а доколку бил ангажиран со скратено работно време, ќе му биде исплатен сразмерен износ.
Работодавачот-барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците до Управата за јавни приходи, која е задолжена веднаш да ги утврди формата и содржината на обрасците за Барањето за финансиска поддршка.
Барањето се поднесува преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи до 5-ти во месецот, за претходниот месец. Комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.
Во Член 5 од оваа Уредба е утврден и начинот за аплицирање за стекнување на правото за финансиска поддршка преку алатката „Месечна пресметка за интегрирана наплата“ на Управата за јавни приходи преку посебна шифра за оваа намена.
По обработката на апликацијата, Управата за јавни приходи ќе го информира работодавачот-барател на финансиска поддршка за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе биде исплатена за соодветниот месец, и за тоа ќе ја извести Владата на Република Северна Македонија за работодавачите кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на платите.
Износот на финансиска поддршка согласно оваа Уредба, ќе се исплатува до 13-ти во месецот, за претходниот месец.
Согласно оваа Уредба работодавачите кои ќе го искористат правото на финансиска поддршка за исплата на плати, имаат обврска примените финансиски средства ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија.

Уредба за финансиска помош на претпријатија за исплата на плати

Со Уредбата се предвидува за секој вработен осигуреник, за месеците април и мај 2020 година да се субвенционираат придонесите за задолжително социјално осигурување во висина од 50%. При тоа, пресметаната сума не може да биде повисока од 50% од придонесите за задолжително социјално осигурување пресметани на просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена за јануари 2020 година.
Во Уредбата се наведени условите што треба да бидат исполнети за користење на оваа мерка.
Со мерката се очекува да бидат опфатени околу 20% од осигурениците, односно околу 53.000 осигуреници за што се потребни 284.345.000 денари месечно, односно 568.690.000 за субвенционирање на придонесите за месец април и мај 2020 година.
Оваа мерка е алтернатива на мерката за финансиска поддршка за исплата на платите во висина од 14.500 денари за месеците април и мај.
Не можат да се користат двете мерки, туку само една по избор. Значи, за секој работник е обезбедена или плата од 14.500 денари месечно или покривање на 50% од придонесите.

Уредба за исплата на придонеси

Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот -19, заради исплата на финансиска помош за месеците април и мај 2020 година.
Оваа уредба е за нашите сограѓани занаетчии и вршители на самостојни дејности кои исто така ги чувствуваат последиците.
Финансиската поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност опфатени со оваа Уредба ќе се спроведува преку Владина Програма за финансиска поддршка со исплата на финансиски средства на трансакциска сметка преку која физичкото лице – барател на финансиска поддршка за исплата на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година.
Финансиската поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во износ најмногу до 14.500 денари месечно.
За оваа мерка сите услови за стекнување право на користење на поволностите, ќе бидат објавени во Уредбата што ќе се публикува во Службен Весник и на веб страницата на Владата.

Уредба за физички лица кои вршат самостојна дејност

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest