Новини во Законот за данок на личен доход (ставање во мирување на прогресивниот данок во периодот од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2022 година)

Во Службен весник на РСМ број 275/2019 од 27.12.2019 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на личен доход. Целта на измените и дополнувања на Законот за данокот на личен доход е да се регулира мирувањето на примената на прогресивниот данок на личен доход за доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи за период од 36 месеци. Во мирување ќе биде ставена и примената на стапката од 15% на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, осигурување и друг доход, односно истите во следните три години (од 2020 до 2022 година) ќе се оданочуваат со 10%. Во овој период стапката од 15% ќе остане да се применува само при оданочувањето на доходот од игри на среќа. Исто така, со новото законско решение ќе се одложи почетокот на оданочувањето на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност и удели во инвестициски фондови, како и каматите од орочени депозити, до 1 јануари 2023 година.
Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest