Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти е во собраниска процедура по скратена постапка

Предложените законски решенија, се вели во законското образложение, ќе овозможат утврдување на правен статус на бесправните објекти кои се изградени заклучно со 1 октомври 2019 година.

„Постапувањето со бесправно изградени објекти во Република Северна Македонија е уредено со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кој треба да се применува до 2021 година, а предмет на истиот се бесправните објекти изградени заклучно со 3 Март 2011 година. Со овој закон неколку пати е продолжуван рокот за доставување на барање со потребната документација, меѓутоа од причини што голем дел од барателите не ја доставија потребната документација во законски утврдените рокови, дел од објектите и понатаму останаа без правен статус.

Исто така, од страна на Заедницата на единиците на локална самоуправа укажано е дека во поголем дел од единиците на локална самоуправа евидентирани се бесправни градби кои се изградени после 3 март 2011 година, кои објекти не се предмет на постојниот закон и истите треба да бидат отстранети што ќе предизвика дополнителни административни постапки и трошоци за единиците на локална самоуправа“, се вели во образложението на Предлог-законот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest